Македонијо, убава си! Недопрената природа на Јабланица.
- Alexandar Menkinoski
- Sep 3, 2025
- 2 min read
Оваа моја статија цела е посветена на една прошетка на планината Јабланица која ја направив на зајдисонце, ден пред празникот Голема
Недела. Во селото Јабланица, кое е на истоимената планина, се наоѓа манастирот на Св. Илија кој е на надморска височина од 1450 метри. Таму се празнува и празникот Голема Недела кој обично паѓа на последниот викенд од месецот Септември.
Еден ден пред него започнуваат сите подготовки за големиот празник. Искачувајќи се по патот, се решив зајдисонцето да го поминам уште неколку стотина метри над манастирот и да направам интересни панорамски фотографии. А, овој поглед беше пресуден за тоа и да го направам. Заедно со мојот апарат, се упатив нагоре директно по шумата. По одредено време чекорење се појавив на една чистинка, околу мене повеќе немаше дрвја кои ми го попречуваа погледот. Се’ уште беше високо сонцето, дури заслепувачки, но сепак решив да го зграпчам тој момент. Одма после овој момент, се решив да го свртам мојот поглед кон југ, односно кон дворот на манастирот. Беше една прекрасна и величествена глетка којашто исто така се изрази и на сензорот од мојот апарат. После тој поглед се одлучив да направам и неколку фотографии кои малку од поблиску ќе го доловат дворот на манастирот: Така додека сонцето полека се криеше зад планината, го продолжив моето кратко искачување по планината Јабланица. Беше еден многу „карпест“ предел кој изгледаше како да се искачувам на Алпите или барем само така се чувствував. Но, секое зајдисонце кратко трае. Позади мене се наоѓаше еден панорамски
поглед на градот Струга со Охридското Езеро, кој успеав да го доловам. Во меѓувреме, вниманието ми беше одземено од послените сончеви зраци кои низ долината допираа до ова дрво. Одма после тоа сонцето веќе беше паднало зад планината. Изгледаше токму вака. Откако сонцето падна, уште после една фотографија започна крајот на моето искачување и пред да се вратам кај манастирот ја направив оваа фотографија:
Слегувањето покрај што беше исцрпувачки, исто така беше долго временски. Па, кога бев веќе слегол во дворот на манастирот, ноќта беше веќе подолго настапила. Над мене се гледаше млечниот пат, кој делумно успеав да го доловам вака. Фотографија со која заврши мојата авантура, дента пред празникот Голема Недела.
Нешто повеќе за самиот празник ќе може да слушнете во мојата наредна
фото приказна, а дотогаш најтопло ве поздравувам!
©Alexandar Menkinoski 2023


























Comments