top of page
collage [50%].jpg

Macedonia Portrait Story

Природна убавина

Желбата за прошетка низ Македонија никогаш не ме напуштила, само што досега не се погодил правиот момент за тоа. Но, покрај желбата за прошетка се разбира дека постоеше и желба за фотографирање на различни места низ Македонија.

Како фотограф што честопати знае да прави пејзажни фотки, го искористив ова наше уникатно патешествие да ја претставам Македонија во фотографии во кои е присутен човечки фактор. Ќе направиме една прошетка низ МК со портрети.

После макотрпни подготовки, од планирање до добивање одобрение за престој, се запознаваме на автобуската станица во Скопје.

Signat copy_edited.png

СКОПЈЕ

IMG_5036_DxO_pp_Logo.jpg

Првите 4 дена од нашето прво среќавање ги поминавме токму во метрополата. И можам убедено да речам дека знаевме каде води ова патување, знаевме дека сè ќе тече како подмачкано. Прошетавме, и првите кадри кои ги зграпчивме беа токму од плоштадот во Скопје. Барајќи убав панорамски поглед, се искачивме на Водно со жичарата до Милениумскиот крст и доловивме прекрасни фотографии. Работите се поклопија прекрасно, што како за одмор од макотрпната работа што ја изведовме, имавме шанса да уживаме и во концертот на Лозано. После тоа, беше време да продолжиме и последниот дел од Скопје што го видовме беше Кањонот Матка каде што имавме една прекрасна тура со бродче.

СТРУГА

Signat copy_edited.png
IMG_9412_DxO_Logo.jpg

Промената беше голема, особено во температурата, но сепак подруго си е кога си блиску до езерото. Првите портрети што ги доловивме беа токму од Женска плажа, паркчето кај Галеб. Токму се погодивме во нашиот омилен дел од денот – на зајдисонце, па успеавме да доловиме прекрасни кадри со езерото и Ке Пенине, односно браната на устието на реката Црн Дрим. Преку браната, продолживме кон Машка Плажа и таму доловивме прекрасни панорамски фотографии на кои во позадина ни моделираше планината Галичица.

ОХРИД

Signat copy_edited.png
IMG_5305_DxO_pp_Logo.jpg

Покрај престојувањето во Струга, сепак желбата за посетување во Охрид беше огромна. Низ Охридските улици поминавме цели два дена, најмногу во стариот дел на градот – Варош. Нашата прва тура започна од Горна порта, оттука првото место што го посетивме беше црквата Пресвета Богородица Перивлепта, каде што имавме панорамски поглед на стариот дел од градот, а на врвот се гледаше Самоиловата Тврдина. Продолживме до Плаошник каде што застанавме да направиме портрети со езерото и со самата црква, застанавме и да здивнеме малце и да уживаме во глетката. На патот до нашето омилено место – Канео се сретнавме со пролетта што веќе ни беше тропнала на врата и застанавме да направиме некоја фотографија пред црквата Св. Софија. И само што го видовме Канео, одма застанавме и се впуштивме на сликањето. Канео беше толку убаво што го посетивме трипати и направивме најмногу фотографии тука, во попладне и на зајдисонце.

КРУШЕВО

Signat copy_edited.png
IMG_5424_DxO_Logo.jpg

Една од желбите беше да се посети градот Крушево, од две причини. Големата љубов кон Тоше и желбата за уникатни улични портрети. Така еден ден се впуштивме во околу 2 часовно возење токму до градот, бевме пречекани од убавото зајдисонце па доловивме прекрасни портрети. Истотака, го посетивме и меморијалниот музеј на Тоше, како и неговото вечно почивалиште, оддавајќи му почит.

Фотките се изведени со апаратот на мојата драга колешка, тоа е Canon R8 + RF 35mm f1.8.

ДЕБАР

Signat copy_edited.png
IMG_5388_DxO_Logo.jpg

Еден ден од вкупно 15-те дена кои ги поминавме во оваа портретна сесија, го посветивме токму на Манастирите Рајчица и Бигорски во градот Дебар. Голема благодарност за гостопримството, турата која ја добивме и можноста да доловиме кадри од манастирите. Нашата еднодневна авантура изгледаше токму вака.

ЈАБЛАНИЦА

Signat copy_edited.png

Како за крај од нашата долга потрага по перфектниот портрет, се одлучивме да одмориме тој викенд некаде подалеку од бучавата на градот, некаде во планина. За тоа ја одбравме планината Јабланица и го посетивме истоименото село. Нашата хајка беше прекрасна, исполнета со премногу пејзажни погледи и не чекавме ни за миг, па во шумата ги доловивме овие портрети.

Нашата приказна

         Сè започна во Февруари 2025г. Кога на инстаграм ме заследи профил од фотографка која има фотографии од Скопје и Охрид, Македонија. Нималку не претпоставив дека зад тој профил се крие една прекрасна личност која доаѓа од Русија. На 13 Февруари на едно од нејзините сториња поставив прашање што ја носи токму во Охрид, се разбира кога веќе бев дознал од каде ни доаѓа. Прекрасно чувство е кога некој ќе ти раскаже колку само ја сака твојата татковина, па така разговорот ни одеше како подмачкан, и на крајот од тој чат и двајцата посакавме случајно да се сретнеме при престојот во Охрид.

 

       Но, малку знаевме дека тука не завршува нашиот разговор. Многу брзо после тоа се зближивме како „души“ и продолживме со нов контакт тој пат на приватните наши профили. Ги споделувавме секојдневно нашите култури, правевме споредби, разлики и оценувавме колку сме далеку, а сепак исти/слични. Поинтимно се запознавме со музиката, нашиот чат беше исполнет секојдневно со најразлични жанрови на музика. Буквално се совпаднавме како последното парче на сложувалка, па посакавме овојпат да се сретнеме неслучајно. И после година и еден месец, што беше планирано дури одма летото да се видиме но не успеавме и мораше да се обидеме повторно, нашиот сон се оствари, да направиме фото тура низ Македонија. Да прошетаме заедно и користејќи ги портретите да ги претставиме сите природни убавини во Македонија. Ти благодарам на честа и согласноста за овие фотографии да бидат изложени токму тука.

Ви благодарам за вниманието!

Signat copy.png

2026

bottom of page