Горди сме на нашите градови! Убавината на Крушево
- Alexandar Menkinoski
- Sep 3, 2025
- 2 min read
Јас, како фотограф од Струга, најтипично е да направам фотографии од нејзината околина. Но, еве денеска споделувам една необична моја тура во Крушево. Сигурен сум дека сите досега сме посакале да го видеме Крушево од воздух, епа драги мои, ви припремив една фото тура за градот од воздух (+ неколку екстра фотки).
Пред да започнеме да слушнеме нешто повеќе за самиот град:
Крушево како највисокиот град на балканот, првпат се спомнува во историските извори од 1467 година, како мезра т.е. село во состав на имотот на Хусеин бег. За време на Илинденското востание, градот Крушево е ослободен на 2 август 1903 година и тука е формирана Крушевската Република. Крушевските градители, зографи и резбари стануваат познати имиња и во други краишта на Македонија, како и во соседните земји.Посебно обележје на Крушево е староградската архитектура. Притоа, крушевската куќа е симбиоза на влашката (епирската) и мијачката (галичката) архитектура. 4-те крушевски цркви – симбол на борбата за слобода и религијата, тоа се црквите Св. Никола, Св. Троица, Св. Богородица и Св. Јован.
Да започнеме со таа приказна од самиот почеток. Уште кон самото одење кон Крушево, запрепастен од панорамскиот поглед се решив да не губам повеќе време и да го полетам дронот при што ќе направам неколку панорамски фотки од самиот град. Притоа, го добив ова:
Понатаму, решив да го следам главниот пат кој води до самиот центар до градот. На мојата десна страна се наоѓаше споменикот „Македониум“, а и погледот кој се наоѓаше зад мене беше толку несекојдневен и интересен што вредеше да се слика. Крушево е познат како град на црквите, што и јас успеав да го забележам дури од воздух. Како што се приближувам кон самиот центар на градот, Храмот на црквата Св.Никола ми го одзеде вниманието. Околу неа се задржав најмногу, може да видете и на самите фотки. Потоа, погледот ми замина кон крушевската гимназија и кон крушевската општина. Како за крај, мојот лет заврши токму на улицата Тодор Проески. Оттаму го замрзнав последниот поглед кон хотелот Монтана.
Како за крај, ќе ви приложам и неколку дополнителни фотографии што ги направив при самата прошетка, кои се надевам дека ќе ви се допаднат.
Секое добро, до наредно слушање!
©Alexandar Menkinoski 2023


































Comments